Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Pavle-25-02

Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува.

— реклама —

Заев беше фатен како бара мито по шемата - евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ја гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.

— реклама —

Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема.

— реклама —

Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки.

Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка.

Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери.

Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески.

Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години.

Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.

Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања