Вицепремиерката која нема никакво искуство со гонење корупција, благодарна што САД има тим во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека секоја помош во каква било форма, за брз напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата е добредојдена.

— реклама —

Таа вечерва во своето гостување во емисијата Топ тема на Телма одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер ја толкува двонасочно.

— реклама —

„Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, a од друга страна како критика за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава“, рече вицепремиерката Грковска.

— реклама —

Таа истакна дека најважно е тоа што Владата сега ќе има дополнителна помош за справување со криминалот и корупцијата.

Вицепремиерката истакна дека институциите треба да бидат свесни дека постојат за граѓаните, а не обратно.

„Денеска на настанот што го организирав заедно со вицепремиерот Маричиќ и евроамбасадорот Гир, реков дека целокупната состојба во државата и вклучително и во делот на корупцијата е одговорност на сите нас што е во таа сала. Јас не ја изземам Владата од одговорноста ниту институциите. Треба да се види која е најслабата карика и од која причина добиваме вакви отворени без ракавици пораки од страна на нашите меѓународни пријатели“, рече вицепремиерката Грковска.

Инаку, во јавноста не е познат коруптивен случај кој вицепремиерката Грковска го решила измининативе месеци, додека има мандат.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, додека не била именувана на функцијата, немала допир со гонење корупција. Ова го покажува нејзината биографија, објавена на официјалната страна на Владата. Таа е магистер по математички науки, а ниту во работното искуство кое го навела, нема ниту едно работно место поврзано со борба против корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања