Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ВИДЕО) 15 годишната девојка пред да ја убијат барала помош на европскиот број за итни случаи, но не ја сфатиле сериозно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
aleksandra

Романскиот министер за внатрешни работи му даде отказ на шефот на полицијата откако во едно село на југот од земјата беше убиена тинејџерка, која имала испратено повеќе телефонски повици за итна реакција, но истите биле занемарени.

— реклама —

15 годишната Александра Макесану е девојката за која цела Романија се крена на нозе. Таа била нападната од манијак, малтретирана и убиена. Таа беспомошно се обидувала да повика помош но службите не ја сватиле сериозно и ,мислеле дека се шегува.

Александра била грабната додека стопирала за да стигне до своето село од градот Каракала.

— реклама —

На полицијата и беа потребни 19 часа за да ја лоцира девојката и да влезе во куќата во која пронашле и остатоци од луѓе и накит што девојката го носела, по што привеле 65-годишен маж на испитување, јави Би-Би-Си.

Полицијата се сомнева дека посмртните остатоци што ги нашле се на 15-годишната Макесану и на 18-годишната девојка од блиското село која исчезна во април, но форензичарите допрва треба да го потврдат нивниот идентитет.

Илјадници Романци синоќа протестираа против владата, огорчени заради неадекватната реакција на полицијата.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања