„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) 360˚ Темпирана бомба во Охис - линдан пронајден кај 8-год девојчиња кои предвреме влегле во пубертет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lindan-ohis

Ова се култните производи на хемискиот гигант ОХИС. По распадот на Југославија почнa и бавното „распаѓање“ на фабриката од која некогаш егзистираа околу пет илјади семејства. Просторот од речиси 100 хектари сега е запустен, погоните се руинирани, а во дворот на ОХИС лежи токсична „бомба“, објави Либертас.мк.

— реклама —

Илјадници тони токсичен отпад се депонирани овде во дворот на ОХИС. Отпадот е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката. Меѓу токсичните супстанци, овде има  и значителни остатоци линдан, кој од 2009-та е забранет за производство. Речиси една деценија подоцна, Македонија се уште бара начин како најбезболно да ја затвори оваа отворена рана.

Линданот е пестицид, кој порано се користел во земјоделството. Белиот прашок служел како инсектицид, а со неговото одвојување од другите соединенија се создала огромна количина токсичен отпад кој се депонирал  на отворено. Погонот за производство на овој пестицид имал најмалку вработени, но носел најголем профит за ОХИС, вели пензионираниот хемиски инженер Перо Нане

— реклама —

„Самиот производ и нус производите многу смрдеа, дури и сите алишта и работниците со денови не можеа да се изветреат од толку голема смрдеа и мораше обавезно да се бањаат на секое влегување и излегување, а линданот одеше како алва, се продаваше. Самиот линдан, целото производство не остануваше ниту грам, толку баран што беше производот, одеше во Западна Европа, дури во Русија одеше, молеа, толку што беше баран. Така да, од линданот ништо не остануваше, единствено ако остана при преработка некој вака процент како отпадно.“

Нане вели дека поради немањето обучен кадар, смртноста кај вработените во овој погон на ОХИС била висока, објави Либертас.мк

Текстот во целост на: Либертас.мк

hh8ktmVQh2s

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања