Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

(Видео) 44 секунди човечност во Теарце: Возач застана за да спаси кученце и да го врати кај мајка му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryhg64t5e1f9i92UXgySB

Возач во Теарце покажа дека понекогаш се потребни само неколку секунди внимание за да се спаси живот. На видео објавено од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ се гледа како тој излегува од автомобилот за да му помогне на мало кученце кое се нашло на патот, додека неговата мајка со другите кученца ја преминувала улицата.

— реклама —

Наместо да продолжи да вози, човекот застанал, го тргнал кученцето од коловозот и го однел до неговата мајка. Потоа се погрижил и за останатите кученца кои се наоѓале покрај работ на тротоарот.

— реклама —

Снимката трае само 44 секунди, но од „Анима Мунди“ велат дека таа покажува колку малку е потребно за да се спречи несреќа и да се заштити животно.

„Емпатија и хуманост на дело – 44 секунди кои живот значат. Колку малку треба да се спаси живот“, објавија од здружението.

— реклама —

Оттаму упатија и јавна благодарност до возачот.

„Сакаме јавно да се заблагодариме на возачот кој застана и го однесе ова кутренце до неговата мама“, порачаа од „Анима Мунди“.

Видеото од Теарце прикажува едноставен, но значаен гест на грижа кон животните, со кој возачот им помогнал на кученцата безбедно да се оддалечат од коловозот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6i58b1lbip0e48dLt4L

(Видео) Му украде од грицките и среќно истрча надвор

Вирално | пред 21 час

— реклама —
media-libraryhl4asf1lr0pibZ2NNI5

(Видео) Му спреми торта за роденденот, но љубовта на баба му му беше поважна од храната

Вирално | пред 4 дена

media-library3afm3v8mgsi91aQ2gHv

(Видео) Се вратила од болница со гипс на ногата, а кучето веднаш почнало да ја имитира како оди

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryuonic49orrfhbu5y3fJ

(Видео) Го разделиле од најдобрата другарка, од тага не сакало ни да јаде, па сопствениците ја вратиле назад

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања