„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Аца Лукас по приведувањето во Кавадарци: „Во станица ме држеа цела ноќ – ова беше политичка порака“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-library6pb2u7nv1tl23ou6Xqd

Аца Лукас се огласи по синоќешниот прекинат настап во Кавадарци, каде полицијата го приведе во станица поради, како што беше соопштено, непријавен и нерегуларен концерт. Пејачот во подолга изјава тврди дека целата акција била лично насочена кон него и неговиот тим.

— реклама —

Според Лукас, настапот бил при самиот крај кога во локалот влегла полицијата и го прекинала концертот.

„Не сум уапсен, отидов со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме,“ изјави тој.

— реклама —

Пејачот вели дека целиот бенд бил на бина, но само тој бил собран во станица.

„Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт,“ тврди Лукас.

Тој додава дека, доколку имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред „2000 луѓе и кусур“.

„Ова е како да знаете дека некој доаѓа да убие некого, а вие да реагирате дури после тоа. Сè е јасно,“ порача пејачот.

Според неговите зборови, во полициската станица поминал цела ноќ, без дозвола да се врати во хотел, а утрото чекал судија за прекршоци. Притоа, како што вели, полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле.

„Еден човек од судот ми рече: ‘Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ’. Нема потреба – народот е прекрасен. Проблемот е кој го води,“ изјави Лукас.

Пејачот вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.

„Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого,“ додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања