Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ВИДЕО) Ацо Пејовиќ: Три месеци ѝ се избришани од меморијата на жена ми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
275933099_296414609245096_1151972295350736011_n

Ацо Пејовиќ: По мозочниот удар ѝ се избришаа три месеци од меморијата на жена ми, но фала му на Бога што ни ја врати

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ последниве месеци го сврте вниманието на јавноста поради маестралните изведби во филмот „Тома“. Песната „Полноќ“ стана хит, а во студиото на „Репортер“ ја запеја „Проклета е оваа недела“, песната на која по првата проба, му рекле: „Тоа е тоа, еве кој ќе го пее Тома во филмот“.

— реклама —

Пејовиќ деновиве беше во Скопје за да го најави концертот на 9 април. Кога е тука, вели дека ужива во добрата мaкедонска храна и во добрата музика. И овој пат не пропушти да седне во скопска кафеана .

„Бев на улицата Боемска во една кафеана. Тројца свирачи ми свиреа, јас пеев со нив. Кога сум тука, сакам да уживам во вашата музика и во добрата храна. Па, така, и без тавче-гравче не си одам“, ни раскажа Пејовиќ.

— реклама —

Вели дека, освен што е гурман, ужива во доброто вино и во пури од Никарагва. Има свое лозје, па прави домашно вино. „Јас имам илјада стебла винова лоза во Смедерево, годишно правам околу 700 литри вино и со пријателите секако дека ќе го испиеме“, искрен е пејачот.

Од Приеполе, каде што е роден, до Белград има многу приказни. Деновите во ученичкиот дом во Подгорица го врзуваат за многу спомени, и убави и неубави. „Тоа ме научи да знам како да се однесувам и кога имам и кога немам“.

Татко е на три ќерки, а за себе вели дека е многу строг. „Па мајка ми да не ме тепаше по задникот, може ќе бев наркоман“, вели Пејовиќ.

Со сопругата Билјана е 30 години во брак. Ни откри дека по 7 дена врска се оженил. Од матурска вечер ја однел Билјна кај него дома . „ Хаос беше и со нејзините, се лутеа. Ама ете нѐ заедно со три прекрасни ќерки. И не е лесно со четири жени дома, ама издржувам“, низ насмевка вели Пејовиќ.

Зборувавме и за времето кога им било најтешко. На неговата сопруга Билјана ѝ се избришани три месеци од меморијата, имала излив на крв во мозокот. „Да, тоа е аневризма и таа е оперирана. Билјана е професор на факултет и паднала пред студентите. Операцијата траеше 6 и пол часа. За среќа, закрепна. Три месеци ѝ се избришани од меморијата.Не ни беше лесно, но повторно сме среќни“, раскажува Пејовиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања