„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Адвокатка “удри” по потенцијалните шефови: На моменти беше мачно да се слуша како обвинителите се мачат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Добар обвинител мора да се чувствува како во своја кожа кога зборува, а не како во нечија туѓа, некоја што ја облекува како тогата, како зборувањето да му е наметната униформа за работа, вели Сузана Јошевска Анастасовска која работи како адвокат.

— реклама —

u4NGOkSFOzE
— реклама —

„Кога обвинител зборува, аргументира, дебатира, поентира, тоа треба да излегува од него како добро научена и извежбана песна, бидејќи тој треба да го претставува во секоја минута интерниот мотив за гонење криминал и задоволување на правдата.

Дека недела, ја изгледав единствената дебата помеѓу три од четирите пријавени кандидати за шеф на ОЈО ГОКК.

На моменти беше болно да се слуша како обвинителите се мачат кога бираат зборови како да се изразат, па не можат да се доискажат, не можат да довршат почната реченица, а камоли да поентираат. Не сакаат да се замерат со никого (чувај боже!), па во сред реченица ќе се сетат- "Упс, ова оди во погрешен правец, некој ќе ми се налути", па си ставаат "автофусноти" , исклучоци и некакви квази-извинувања за кажаното што демонстрира отсуство на одлучност и самодоверба во изразувањето став. Контрадикторни се сами на себе (ова особено во делот на политичките притисоци каде остана нејасно што мислат, не се долови ниту една поента, а уште помалку план за справување).

Некои ќе речат отсуство на елоквентност и ораторски вештини не се важни за таа функција, треба да знае добро да го менаџира обвинителството и да одолее или да се справува со мешањето на политиката и бизнисот.

А како ве молам, ќе го направи тоа? Како ќе знаеме дека некој може професионално да менаџира и одолее на крупни "ѕверки" ако јавно, под стрес и кога му е важно тешко успева да состави автономна проширена реченица? Ако вербално не умее да изрази јасен, категоричен и цврст сопствен став?

Кај нас добри менаџери се само милениците на власта која во моментот кога се назначуваат е актуелна. Истите тие, во оној момент кога ќе престанат да бидат миленици од разни причини, на истата или следната власт, стануваат обични.

Оти лесно е да испорачаш резултат кога сите кои треба да те поддржат се насочени да ти го дадат. Не ти треба ниту елоквентност ниту способност.

Затоа бираме "блиски до власта", па после не знаеме како да се справиме со предизвиците.

На ОЈО ГОКК му требаат човечки ресурси и пари, не дружба и љубов и разбирање. Му треба цврста рака да го води и паметна и упорна глава да ги научи институциите која е неговата улога и како спрема него треба да се однесуваат.

Ова е огромна одговорност што бара човек кој ќе организира но и мотивира и инспирира обвинители кои ќе најдат баланс помеѓу натчовечка ревност и човечка пристојност, кои ќе сакаат праведност, а не жртви на прогон и решени предмети за статистика, кои му служат на законот, а не на сопствените амбиции и кои ќе пристапуваат кон извршувањето на овие задачи со понизност и скромност“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања