Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Агелер: Дејствата на Камчев се предавство на граѓаните на оваа држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, порача бизнисменот Јордан (Орце) Камчев не само што ја нарушува довербата во правосудните органи туку тој го предава и македонскиот народ. На својата прва прес-конференција, на која зборува за одлуката Камчев да биде ставен на т.н. црна листа на САД, посочи дека граѓаните заслужуваат институции во кои ќе веруваат. Според неа, САД презеле сѐ што е во нивна надлежност, а другото е на институциите во Македонија.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Злоупотребата на службената положба, перењето пари, митото, во кои господинот Камчев бил дел, не само што ја нарушува довербата во правосудните институции туку претставува и предавство на граѓаните на оваа држава. Граѓаните заслужуваат институции во кои ќе веруваат, кои ги следат демократските вредности, кои се транспарентни и не прават компромиси“, рече Агелер.

[embed]

_nL9LJD_fZ0[/embed]

Амбасадорката е децидна дека сите корумпирани лица мора да одговараат. Додаде дека САД реагираат секогаш кога ќе има докази дека некој правел во коруптивни дејства.

„Спроведување на законот во оваа држава зависи од институциите на државата. Но, корупцијата во која било форма не смее да биде толерирана“, додаде Агелер.

Порача дека се надева оти граѓаните на Македонија ќе побараат интегритет од тие што ги раководат институциите.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања