Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ај поминете со дете и количка, ако можете!“ – Купишта ѓубре го блокираат тротоарот во Влае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Скопје
media-library9fq29dt25flr0iNM0G8

Купишта ѓубре и гранки се оставени околу контејнерите во скопската населба Влае, иако самите контејнери се празни. Наместо отпадот да биде фрлен во нив, дел од граѓаните го оставаат наоколу, со што се создава хаос и се попречува движењето на пешаците.

— реклама —

На објавеното видео се гледа мајка со мало дете во количка која не може да продолжи по тротоарот поради натрупаното ѓубре и гранки. Таа е принудена да бара начин да го заобиколи отпадот, бидејќи тротоарот е практично блокиран.

Граѓаните реагираат дека просторот околу контејнерите не е место каде што треба да се остава отпад од чистење дворови и дека ваквото однесување им го отежнува секојдневното движење на пешаците, особено на родителите со детски колички и на лицата со потешкотии во движењето.

— реклама —

„Контејнерите празни, ѓубрето од двор пред нив: ај поминете со дете и количка, ако можете!“, коментираат граѓаните.

— реклама —

Жителите реагираат на ваквата состојба, посочувајќи дека тротоарите треба да бидат проодни за сите, особено за родителите со мали деца, лицата со попреченост и повозрасните граѓани.

Истите ги повикуваат надлежните да го соберат отпадот и да казнуваат вакво девијантно однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2022-08-18-at-21.40.12

Комунална хигиена не може да го исчисти отпадот поради непрописно паркирање во Влае

Скопје | пред 8 месеци

— реклама —
media-library55r141dsruck4NF1hnc

Голем дел од Скопје вечерва без вода или со слаб притисок поради дефект во Влае

Скопје | пред 1 година

444444

(Видео) Стојанче Ангелов: Пожарот во скопски Карпош 4 е ставен под контрола

Скопје | пред 1 година

soo

(Видео) Сообраќајка на влезот од Влае, гужва на Партизанска

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања