Невремето предизвика хаос долж источниот брег на САД, а покрај необичните сцени со ајкулата во поплавените улици, зад себе остави и човечка жртва.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од жители кои со моторни чамци се движат низ поплавените улици, како и кучиња кои се превезуваат со кајаци.
Силниот ветер корнеше дрвја и сериозно го отежна сообраќајот, додека илјадници летови беа откажани или одложени. Во Њујорк налетите на ветерот достигнувале до 80 километри на час, а во Сурф Сити и до 120 километри на час.
Во сојузните држави Род Ајленд и Масачусетс наврнало меѓу 100 и 150 литри дожд на квадратен метар. Во Њујорк во саботата животот го загубил 56-годишен комунален работник, откако врз него паднало дрво.
Метеорологот Мајк Сајдел во неделата попладне известил дека цели градски блокови во Њу Џерси биле под вода, но состојбата во текот на денот почнала да се подобрува.
Повлекувањето на водата го опишал како ситуација „како некој да го извадил чепот од када“, а за вторник најавил повторно воспоставување на сончево време.