Стевче Стевоски, кандидат за советник во Охрид, во дебатата на А1он изјави дека нема потреба да го саботираат ако влезе во Советот на Градот, туку вели дека тој тоа ќе го прави секојпат кога ќе се обидат другите да гласаат нешто спротивно од интересите на граѓаните.
„Од владеењето на овие две партии ние трпиме штета и денес. Најголемиот проблем е што вие сте матрица, вашиот ген не се менува. Што видовме добро ние за овие четири години, освен капитални инвестиции од Владата, дали имавме одговорност за долгот предизвикан од 50 милиони евра што јас ја барав. Тој долг е знак дека е настанат од одредени активности што биле спротивни на законот. Што е тоа што се направи во Охрид за 50 милиони евра, а треба да се врати? Кажете една-две инвестиции. Тоа е пералница на пари. Ако бидам советник, јас ви гарантирам дека таму можеби и стапови ќе играат и нема да донесете ниедна одлука која ќе биде неосновано задолжување на Охрид“, вели Стевоски за Усеини.