„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Актерката Стојановска осомничена за давање поддршка во криминални активности на сопругот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
silvija

Сопругот на актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавјевиќ, е првоосомничениот за организирање шверц на кокаин, а Стојановска е осомничена за давање поддршка во неговите криминални активности, соопшти МВР.

— реклама —

„Откако биле договорени сите детали на преземањето на кокаинот во Мадрид, на почетокот на декември, пријавената С.С., истакна министерот Спасовски, по инструкции на нејзиниот сопруг В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат В.Б. и го платила со сопствената кредитна картичка. Исто така, С. С. во текот на октомври 2019 година отпатувала за Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг В. Б. од Н.Н. шпански државјанин да подигне износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа, појасни Спасовски.

На 18.12.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на меѓународна полициска операција заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на службата за борба против дрога на САД-ДЕА спроведе полициска операција за лишување од слобода на лица - членови на меѓународна организирана криминална група што организирала транспорт на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа, којшто при продажба на големо би достигнал цена во вредност од околу 20 милиони евра.Станува збор за меѓународна акција за сузбивање шверц на вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа. Уапсени се вкупно пет лица – покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќа, во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани. По двајца други се трага.

— реклама —

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/

 

фото: МВР

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања