Раде Јовчевски Корчагин е убиен два пати. Еднаш од фашистите Бугари, а денес за жал од македонските власти – вака ја започнува приказната внуката на Раде Јовчевски Корчагин – Калина. Со трепет во гласот, неможејќи да ги потисне спомените кои навираат, зборуваше за, никогаш доволно прежалениот, народен херој. Со неколку куршуми и извик „еве ти ја слободата“, ладнокрвно бил убиен од бугарските фашисти, објави Алфа.
Имал само 23 години кога го убиле, а неговото тело го оставиле да лежи безживотно со саати, недозволувајќи да се тргне, со цел да се заплаши што повеќе народ – вели Калина Јовчевска.
Текстот во целост на: Алфа.