Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Анѓушев во Германија - Германска поддршка за поинтензивен економски раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
angusev-germanija-1

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и СР Германија, денес реализира еднодневна посета во Берлин.

— реклама —

За време на посетата Вицепремиерот се сретна со Државната секретарка во Сојузното министерство за економија и енергетика г-ѓа Клаудиа Дер Вос, по што се одржа и оперативен состанок со копретседавачот на комитетот од германска страна г-дин Хелге Толксдорф, на кој се дискутираа конкретни чекори и мерки за соработка помеѓу Владите, особено за германската поддршка за поинтензивен економски раст и креирање на реална и одржлива економија во нашата земја.

— реклама —

— реклама —

На состанокот со државната секретарка Дер Вос, Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции. Тој додаде дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15% раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања