Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Антовски: Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro

Заев и Владата во заминување ја распродаваат државата, овој пат стигнаа и до новиот бонбона бизнис продажба на Тиквешко езеро. Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување,истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

Никој во светот не продава таков стратешки имот.

СДСМ ги користи последните денови на власт за да ги наполни џебовите на своите олигарси.

Ова значи грабеж на граѓаните. Пред избори туркаат грабеж.

Планот за ЈПП за ХЕЦ Чебрен е штетен за државата, бидејќи според истиот на АД ЕЛЕМ би му припаднале само 25% од акумулацијата. За сметка на приватниот инвеститор кој би бил мнозински сопственик.

— реклама —

Со овој план на 50-тина дена пред изборите СДСМ сака да го даде целиот воден фонд на Црна Река на приватен стопанственик, а воедно и управувањето со хидроцентралата Тиквеш.

Правното лице кое ќе ја добие концесијата од Владата ќе ја има една од најдолгите реки во државата и хидроцентралата Тиквеш на поклон.

— реклама —

Ова е втор бонбона бизнис на СДСМ во енергетскиот сектор. И овој пат граѓаните остануваат повторно со празни раце.

Вакво раскрчмување на водниот потенцијал на Македонија нема да дозволиме. Црна Река е огромно богатство за државата и истата треба да биде искористена на начин на кој ќе има најголем бенефит за граѓаните

Уште еднаш апелираме власта да запре со раскрчмувањето на државните ресурси. Одговорност ќе има, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања