Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Апасиев го стави на испит новиот спикер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-14.07.45

„Кој од вас двајца постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност за која протестиравме три години, или вие со еднојазичноста? Бидејќи не може од етничката припадност на функционерот да зависи примената на законите!“, праша пратеникот Димитар Апасиев оти добил два документи, од кои едниот преведен, а другиот без превод на албански јазик.

Тој додаде:

— реклама —

„Според членот 44 од преодни и завршни Одредби од Законот за Влада, кој вели дека заради организирање избори на пратеници, Собранието по предлог на претседателот на Владата, сто дена пред одржувањето избира техничка или преодна Влада - Џафери сè уште не е претседател на Влада и не го исполнува законскиот услов да продолжи Влада!?

Веќе за наредна недела имате закажано седници (комисиски) за административни службеници, вработени во јавен сектор, национални агенции, академии за судии, закон за трговски друштва, НБРМ, МАНУ, нотаријат, шуми... Што е ова, на овие државни институции, во контекст на идните избори!? Каква е таа техничка Влада, ако продолжува со редовна работа до самите избори - па нели е само за организирање избори?“.

— реклама —

На ова, Јован Митрески, нов собраниски претседател од СДСМ, кажа дека постапил според Деловникот односно дека не може да се потпише зад текст на албански јазик оти не го познава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања