Промени тема
Контакт

(Видео) Апсења во „Комуналец“ – Гостивар, приведени директорката и уште двајца раководители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1t0uhts5r28heJzE6Tx

Тројца членови на раководството на ЈП „Комуналец“ – Гостивар се приведени во денешната координирана полициска акција поврзана со загадувањето на водата за пиење во градот, дознава „Скопје1“.

Според нашите информации, по итна постапка се приведени вршителката на должност директор Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.

— реклама —

Акцијата ја спроведуваат надлежните институции во координација со Основното јавно обвинителство. Според сознанијата на „Скопје1“, предметот во оваа фаза се води поради сомнение за сторени кривични дела „Загадување на вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“ од Кривичниот законик.

Според неофицијални информации до кои дојдовме, извештајот на Институтот за јавно здравје покажал дека од четирите анализирани мостри од водата, во две е утврдено присуство на фекални колиформни бактерии, додека во еден примерок било регистрирано и зголемено количество хлор.

— реклама —

Надлежните институции засега не ги потврдуваат официјално приведувањата, ниту соопштуваат детали за текот на акцијата. Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да излезат со официјални информации за преземените мерки и за понатамошниот тек на постапката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања