„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата на непотизам ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Епидемијата на непотизам во државава се рашири во толкави размери да ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ. Упориштата на зараза се државните институции каде што има огромни плати над просекот на платата во државата, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Вчера ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182ца роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.

Очекуваме, разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија во најбрз можен рок и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ.

— реклама —

Дополнително, повикуваме уште еднаш, СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки, бидејќи тоа е чин на морал. Не е чин на морал еден член на семејството да си даде отказ на работа, а друг да не си даде.

На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4- рица или 5 -ца. Замислете само 4 или 5 луѓе од список со 182ца си дале откази од работа од морални причини и само толку се одзвале на повикот на Заев да си дадат откази како што тие викаат морални причини.

Отказите на овие 4, 5 луѓе докажуваат дека навистина имало влијание врз вработувањата и со нив си ја признаа вината. Штом има признание на вината за влијание врз вработување на роднините, функционерите на СДСМ треба уште веднаш да си дадат оставки и да сносат одговорност согласно законите.

Почитувани,

Толку од моралот и моралните принципи на СДСМ. Затоа, СДСМ треба и мора да ги изгуби овие избори. Овие избори се шанса за граѓаните да го симнат ова зло од власт и да се спречи епидемијата на непотизам која се шири, за жал во епски размери, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

2Z_agbTPxR8

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања