Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Арсовски: Објавуваме Јавен повик за избор на кандидат за Претседател на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година, изјави Димче Арсовски на денената прес-конференција.

— реклама —

„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1.

Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Согласно одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.

Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати“, вели Арсовски.

— реклама —

Тој додаде дека доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови од 1/3 или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најдобриот и најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните Претседателски избори 2019 година.

Граѓаните секојдневно се се помотивирани и понестрпливи да ја поразат оваа хунта на власт која го гледа единствено личниот интерес, настрана од интересот на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за Претседател на Република Македонија, ќе ја порази ова ненародна и криминогена власт и тоа ќе биде почеток на крајот на оваа црнила и оваа несреќа што ни се случува во моментов.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и граѓаните ќе победат на овие избори“, изјави Арсовски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања