Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Арсовски: Одговорноста за нелегалното прислушување на Обвинителството е на Заев и Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

„Цела недела Заев и Оливер Спасовски ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и се уште не даваат никаков одговор за тоа кој прислушувал, кој се ги има разговорите кои нелегално се снимани, кој ги преслушал и најважното кој ќе сноси одговорност.

Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Затоа и молчат цела недела и дефокусираат со други теми.

Обвинителите и институциите повеќе не се слободни да си ја работат својата работа како што им налага нивната професијата.

— реклама —

Ова е скандал за кој до сега требаше да паднат првите оставки“, изјави тој.

Според него, наместо оставки, Зоран Заев и Оливер Спасовски ја замајуваат јавноста и дефокусираат со разно разни недоветни изјави.

„Срамно е и опасно ова што се случува во моментот во државата. Веќе никој не е безбеден, а Заев, Оливер и останатите од СДСМ на најгруб начин ги злоупотребуваат позициите и ги ставаат под контрола и надзор институциите. Ова воопшто не е согласно законите и затоа уште веднаш треба да си поднесат одговорност и оставка.

— реклама —

Што ли уште треба да се случи во Република Македонија за да си поднесат оставки Зоран Заев и Оливер Спасовски?

Криминал, корупција, нерасчистени убиства, рекет, злоупотреби на службена должност, нелегално прислушување обвинители, делење на тендери на блиски луѓе и уште многу други причини има за оставка на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но, наместо оставки, цветаат бизнисите на луѓето од СДСМ, цветаат криминалот, цвета корупцијата, цвета рекетот.

— реклама —

Заев и Оливер Спасовски ја зацрнија Република Македонија. Заев и Оливер треба уште веднаш да си дадат оставки и да не пречат понатака во расчистување на овој голем скандал.

Што побрзо има оставки, толку подобро“, вели Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања