Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Арсовски презентираше случаи на непотизам кој владее на локално ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
arsovski-14

Епидемијата на непотизам е навистина застрашувачка. Ги има зафатено функционерите на СДСМ на сите можни нивоа. На државна сметка се закачиле блиски роднини на пратеници, членови на Влада, но и на сите градоначалници, истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес ќе ви презентираме неколку сомнежи за непотизам кој владее на локално ниво кај што се заразени блиски роднини на градоначалниците на СДСМ.

— реклама —

Дали вработување како професор во ОУ „Маршал Тито“ во Струмица добила сопругата на Марјан Јанев, инаку градоначалник на Василево од редовите на СДСМ?

Дали вработување во Водостопанство Кавадарци добила ќерката на Бранко Јанев, градоначалникот на Росоман?

Дали вработување како професор во ОУ „Кочо Рацин“ во Дојран добила сестрата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов? Патем токму оваа институција е под директни ингеренции на братот, а сестрата баш таму станува професорка. Претпоставуваме дека изговорот ќе биде дека била единствен или најдобар кандидат, како и во сите претходни случаеви каде што се правдаат, односно се обидуваат да се оправдаат?!

— реклама —

Вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство добил братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.

Дали Вработување во Централен Регистар добил првиот братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски?

— реклама —

Сестри, ќерки, браќа, сопруги, золви, снаи, свекрви и фризерки се најважниот критериум за вработување во Република Македонија во време на овој криминален картел кој што е на власт. Граѓаните гледаат како администрацијата се полни не според мерит, туку според Мира Дизел систем, а тоа граѓаните ќе треба да го плаќаат со народни пари прибирани од зголемените даноци, зголемените акцизи, давачки или безмилосните задолжувања на Тевдовски.

Граѓаните ќе плаќаат за порамнување на роднинските односи на функционерите на власта, истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања