„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ ја претвораат државната администрација во партиско семејна фирма од каде сите земаат дебели хонорари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-PRESS-2002-Glavna-Slika

Епидемијата на непотизам на власта има уште едно жариште. Мира дизел методот на вработување во СДСМ е правило на работа а не случајност, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

— реклама —

XkAyIOTwPyI
— реклама —

„Роднините на функционерите на СДСМ се вработуваат под државна капа на трошок на граѓаните, претворајќи ја државната администрација во партиско семејна фирма од каде сите земаат дебели хонорари.

Пример за ова е пратеник од редовите на СДСМ од Кочани, Сашко Костов. Според кои критериуми неговата сопруга се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“.

Втор случај е претседателот на советот на Општина Кочани, Томе Солевски, чија сопруга се вработила во државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Трет случај е поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани. Нема ли други граѓани во Кочани кои ги исполнуваат условите за вработување во оваа институција, па морало синот на овој пратеник да биде избран за ова работно место,

Дали е точно дека мајката на советникот од СДСМ, Ѓорѓи Алексов, се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“?.

Дали не е случај на класична злоупотреба вработувањето на советничката во советот Гордана Антова во средното општинскоа училиште „Ѓошо Викентиев“, училиште кое е директно во под ингеренции на Општината во чиј совет членува и таа истата.

Дали не е лицемерие СДСМ да говори за морал. а советничката на СДСМ во советот на Кочани Емилија Серафимова да се вработи во Центарот за јавно здравје, а нејзината мајка во МВРО во Кочани.

Ова е се само не е морал кој пробуваат да го шират СДСМ.

Секој дополнителен коментар е непотребен. Потребни се само оставки“, изјави Арсовски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања