„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Арсовски: Заев му доделил државно земјиште на Кочо Анѓушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dimce-arsovski-2

Денеска, обелоденуваме уште еден документ каде што Зоран Заев му потпишал согласност за потпишување договор за давање под долготраен закуп градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев, „МХЕ тополки ДОО“ Скопје, за поставување вод за приклучување за МХЕЦ „Врановска Река“ со напојна точка, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

W8lNfl5cEMg
— реклама —

„Одлуката е донесена истиот ден кога Зоран Заев му доделил на Кочо Анѓушев, неговиот заменик во Владата, по пат на непосредна спогодба, т.е. на фирмата ‘Тополки’, градежно земјиште за изградба на нова хидроцентрала. Во истата фирма ‘Тополки’ управител е Тодор Анѓушев, братот на Кочо Анѓушев. Повторно прашуваме дали станува збор за нов скандал, каде што Владата во која Кочо Анѓушев е втор човек му доделува нему во непосредна постапка согласност за изградба на хидроцентрала и согласност за доделување земјиште за поставување вод на друга хидроцентрала?“, праша Арсовски.

Кочо Анѓушев, додаде тој, преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и нема да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања