Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Археолози веруваат дека открија подземен свет од древната цивилизација на Маите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
podzemen-svet-mai

Тим на археолози од Полска веруваат дека го пронашле влезот во подземниот свет на древната цивилизација на Маите. Археолозите велат дека откриле докази за принесување на човечки жртви.  Наоѓалиштето е откриено на само неколку метри од местото каде се одиграла последната битка на древната цивилизација на Маите со Шпанија на езерото Петен Ица во Гватемала.

Полскиот истражувачки тим открил над стотина артефакти, вклучувајќи и докази за ритуали, па и човечки жртви, а на островот на сред езерото веруваат дека постојат докази за конечната битка против шпанските освојувачи.

— реклама —

„Водата имала специјално и симболично значење во верувањата на древните Маи. Се сметало дека тоа се вратите кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде живеат нивните богови”, рекла лидерката на тимот, Магдалена Крземиен.

— реклама —

https://twitter.com/pennewsagency/status/1123595303641333760?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1123595303641333760&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F306366%2Fotkrien-premin-vo-podzemniot-svet-na-maite-se-naogja-na-mestoto-kade-se-odigrala-poslednata-bitka-na-drevnata-civilizacija-so-osvojuvacite

— реклама —

Се смета дека Маите тие артефакти ги испуштиле или намерно спуштиле во езерото како подарок за боговите. Еден од нив е острица која можеби е користена за крвави ритуали на жртвување. Тие можеле да убијат некого ако не боговите им понуделе човечка крв.

Пронајдени биле и керамички садови, а некои од нив содржат и животински коски. Уште едно интересно откритие се однесува на островот на езерото, познато како Флорес.

Обредните реликвии од езерото се предколумбовски, а датираат од 150-та година пред новата ера па се до 800-тите години од новата ера. Меѓутоа, Магдалена нагласува дека тимот извршил само извидување на местото, но дека не ги довршил целосните ископувања.

„Треба да направиме подводни ископувања за да бидеме сигурни дека подрачјето во кое ги пронајдовме тие објекти ило подрачје на обредни активности. Моментално не можеме да бидеме сигурно околу контекстот на предметите”, рекла таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања