„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Атиџе пресрќна - повторно има пчелни семејства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
atidze

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“, ова беше реченицата, која хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова ја кажа неодамна за mms.mk, а се однесуваше на оние, кои и ги украдоа пчелите. Оваа порака од  Атиџе сите не растажи, но како таа навистина се чувствува и колку ја боли душата за пчелите, вистински разбраа само пчеларите. По објавувањето на приказната во нашата редакција се јавија од три пчеларски друштва од Штип, кои сакаа да и донираат пчели на Атиџе, за да и ја надоместат штетата и да и ја вратат насмевката.

— реклама —

Човек секогаш се чувствува среќен кога помага некому, ама да и се помогне на Атиџе, која целиот живот со чиста душа го распосла пред јавноста, среќата беше преголема и кај пчеларите и кај нас, што пораката допрела до добри луѓе. Кога Атиџе слушна дека некој сака да и подари пчели се расплака од радост. Македонски медиа сервис го организираше превозот, бидејќи мораше да се оди со џипови. Освен пешки, со други возила до таму не може ни да се стаса. Заедно со пчеларите од трите друштва од Штип „Пчеларство Би-мед“, на Игор Костов, потоа „Пчеларство Лонгурови“ на Аксенче Лонгуров и „Пчеларство Миловски“, кои носеа шест семејства пчели, неодамна тргнавме да ја израдуваме Атиџе.

— реклама —

Текстот во  целост на mms.mk

Видео mms.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања