Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

(Видео) Авион на небото во пламен, страшна снимка: „Боинг“ во голема неволја неколку минути по полетувањето, итно се вратил во Мајами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-01-19-at-11.55.19

Застрашувачкиот момент на „Боинг 747“, по наводно палење во воздух, по само неколку моменти од полетувањето од меѓународниот аеродром во Мајами во четвртокот вечерта. Моментот бил снимен на камера.

Станува збор за товарен авион „Атлас Ер Боинг 747-8“. Во соопштението на компанијата се вели дека леталото безбедно се вратило на аеродромот и дека нема повредени.

„Екипажот ги следеше сите стандардни процедури и безбедно се врати во Мајами“, се вели во соопштението на компанијата.

Пожарникарите во Мајами реагираа и немаше информации за повредени, се вели во посебно соопштение од меѓународниот аеродром во Мајами.

— реклама —

Податоците на FlightAver.com покажуваат дека авионот вреден повеќе од 400 милиони долари тргнал од аеродромот во Мајами во 22:32 часот и се вратил во 22:46 часот. Тој го продолжи планираното патување во Сан Хуан, Порторико, подоцна во вечерните часови, пренесува Блиц.

Корисничка на Инстаграм од областа Мајами, која објави видео од запален авион, рече дека контактирала со округот Мајами-Дејд 911 набргу откако ја забележала катастрофата што се развива.

— реклама —

Официјалните лица и се заблагодариле што контактирала со нив и ја увериле дека авионот се вратил во Мајами без пријавени повреди.

Според FlyAver, авионот полетал од Порторико до Богота, Колумбија, без инциденти во раните утрински часови во петокот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања