Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ВИДЕО) Авион принудно слета во поле - откако птици влетале во моторите се запалиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
avion

Авион Ербас А320 со над 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски, рече портпаролот на рускиот министер за вонредни ситуации. „Моторот се запалил при полетување.

— реклама —

"Моторот се запалил при полетувањето. По итното слетување, авионот бил отстранет од пистата", соопштило руското министерство за вонредни ситуации.

Според досега достапните информации, пожарот на моторот на авионот довел до принудно слетување. Пожарот настанал кога птица влетала во еден млазните мотори на авионот.

— реклама —

Компанијата "Ural Airlines" соопштила дека авионот полетал од Москва за Симферопољ, кога птици влетале во моторот, како и дека во инцидентот ниеден од патниците не бил повреден.

Директорот на „Урал Ерлајнс“, Сергеј Скуратов наведе дека слетувањето било адекватно, а авионот не бил зафатен од оган, а патниците се евакуирани.

На лице место се испратени 20 екипи на итната помош, а ангажирани се и два хеликоптера.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања