Снимка од возило марка „Бентли“ како влегува со голема брзина на плоштадот „Македонија е објавено на социјалната мрежа „Тикток“. Снимката е направена изминатиов период, со оглед дека автомобилот за да стигне до плоштадот проаѓа под украсите поставени на плоштадот.
Возилото е со скопски регистарски таблици, а видеото беше објавено од профилот „Бурим Харачина“. Откако беше споделено на други социјални мрежи, тоа е повлечено.