„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Автомобил влета во демонстранти во Белград, прегази студентка: возачот обвинет за обид за убиство, ЕУ загрижена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
Screenshot-2025-01-17-at-10.51.11

Студентка денеска е тешко повредена во Белград кога возач влетал во група студенти додека со 15-минутно молчење им оддавале почит на загинатите при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад. Студентката на Правниот факултет се наоѓала на тротоарот кога била удрена од автомобилот. Девојката има 20 години, доаѓа од Краљево.

— реклама —

Откако почнаа протестите имаше бројни инциденти, но ова е првпат да резултира со сериозна повреда.

Српските медиуми пренесоа дека возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот, по што полицијата и обвинителството соопштиле дека е идентификуван, пронајден и дека му е одреден притвор од 48 часа.

— реклама —

Тој е осомничен за тешко убиство во обид. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека осомничениот М.П. (1987) претходно седумпати бил осудуван за различни кривични дела.

Делегацијата на Европската Унија во Србија денеска соопшти дека е многу загрижена поради денешната повреда на студентка од автомобил при блокадата на сообраќајот во Белград и посочи дека правото на собирање мора да се заштити кога тоа се остварува на мирен начин.

„Многу сме загрижени поради денешниот инцидент против демонстрантите, очекуваме брза истрага и на повредената студентка и посакуваме целосно закрепнување. Правото на собирање е фундаментално право кое мора да се заштити кога се остварува мирно“, соопштија од Делегацијата на социјалната мрежа Икс.

Додека, под слоганот „Нема да не газите“, се организираа студентите од Нови Сад кои ја блокираат раскрсницата кај пазарот „Футошка“. Блокирана беше и раскрсницата пред Правниот факултет во Белград, по што студентите се упатија до Врховното јавно обвинителство на улица „Немањина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања