Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Бебе убиено во Њујорк: Седуммесечно девојче жртва на улична престрелка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library3hnhju0iru71bsoVNTv

Седуммесечно девојче е убиено од огнено оружје додека родителите го туркале во количка на улица во Њујорк, среде бел ден, соопшти полицијата. Властите веруваат дека бебето било случајна жртва на престрелка поврзана со пресметка меѓу банди, објави BBC.

Пукањето се случило во квартот Вилијамсбург во Бруклин, каде што две лица на мотор се движеле во спротивен правец. Сопатникот извадил пиштол и испукал најмалку два куршума, изјавила началник на њујоршката полиција, Џесика Тиш.

— реклама —
— реклама —

„Живот што штотуку започна згасна за миг“, изјави градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, оценувајќи дека трагедијата е болен потсетник за потребата од посилна борба против оруженото насилство.

Во моментот на нападот, на аголот од улицата имало повеќе возрасни лица и деца, од кои дел биле во колички. Родителите на девојчето побарале засолниште во блиска продавница, каде што забележале дека детето е погодено во главата. Сведоци опишуваат сцени на паника, при што мајката почнала да вреска кога ја видела повредата.

— реклама —
— реклама —

Детето било пренесено во болницата Вудхал, каде што лекарите констатирале смрт. Полицијата соопшти дека нема други повредени.

Според истрагата, осомничените по бегството удриле во автомобил, по што моторот се превртел. Едно лице е уапсено и се наоѓа во притвор, додека по второто се трага. Засега никој не е официјално обвинет за пукањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски да побараат лекови за прекин на животот

Свет | пред 4 дена

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк ја стопира изградбата на нови центри за вештачка интелигенција поради огромната потрошувачка на струја

Свет | пред 3 седмици

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк воведува правило „Кликни за откажување“ – крај за претплатничките замки

Свет | пред 4 седмици

media-librarytdgcs6c1ug67fCz5Oym

(Видео) Хорор во Њујорк: Маж се самозапали во знак на протест за Тибет пред седиштето на ОН

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања