Беким Незири од ДУИ, кои според истрагата ги пуштил тепачите во М-НАВ дојде во Кривичниот суд заедно со неговиот адвокат Еленко Миланов. За разлика од минатиот пат кога беше донесен со полиција и лисици на рацете, овојпат, дојде со свое возило, па сам влезе во судот.
Кривичен денеска ќе одлучува по жалбата на обвинителот, кој бара да се одреди мерка притвор за Незири, но и за тепачите кои влегоа во зградата на контролата на летање.
Незири влезе во судот без да каже ниту збор за медиумите.
Претходно:
За 48 часа ќе се знае дали Беким Незири и тепачите од М-НАВ ќе оди во притвор
Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот Кривичен суд ја информриа јавноста:„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.Со оглед на барањето на странките во постапк
Македонија | пред 2 години