„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Бектеши и Ангеловска се караа со новинари, па фелата удри по нив: Новинарите не ви се ПР во кабинет бе дечки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot_5

Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

— реклама —

Ова на социјалните мрежи го искоментира и новинарот Кристијан Ландов, според кого, Бектеши и Ангеловска се однесувале како уредници во медиуми, а не министри.

„Освен уредничката Нина Ангеловска, тука е и нејзинот заменик, Крешник Бектеши. Но, заборавија дека никој од колегите не им е потчинет за да можат да го шиканираат. Новинарите не ви се ПР во кабинет бе дечки. Научете си да се носите со секое прашање или спакувајте се и заминете. Ја знам Нина Ангеловска, ама не сум ја знаел оваа аргонација. Абе што е тоа исмевање и расправање со новинари по пресови, оценување на прашања, давање непримерни коментари? Срамота. И сето ова од министерка. Во најмала рака, должи извинување“, пишува Ландов на социјалните мрежи.

— реклама —

Политичката аналитичарка и новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци, на социјалните мрежи пишува дека Ангеловска не знае да се носи со функцијата.

„Нина Ејнџеловска ни се изнервирУела. Кога не знае да си ги објасни уредбите пред камери, криви и` се новинарите, па цурава која нема добра дикција и` едвај ја разбираме и ,,добар ден" ко ќе каже на тв, наеднаш стануе напета ко пушка. И прашањата и` биле цитат - ,,со доза на нетрпеливост". Боже, боже...не знае да се носи со функцијата Ејнџеловска, па станува ептен паметна. Ејнџеловска, ма...ја работев со Александра 11 години. Колешки, кои за сето тоа време ниеднаш немале ни повишен тон. И ниеднаш во нејзиниот тон, за теми или било што, не сум почуствувала доза на нетрпеливост. А, во сериозни редакции, со ,,океан систем" и 60 луѓе, секој факин ден има по 15 нетрпеливости меѓу уредници, новинари, техничари, фоторепортери, лектори.... Па, сега ти види колку си грешка. Напета си, мала, во тебе е проблемот. Доаѓаат избори, потсобери се“, пишува Ивановска-Јоци.

https://www.facebook.com/landovk/posts/2849363915174020?notif_id=1590077845045092&notif_t=feedback_reaction_generic

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања