Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши е донесен во судот во Кочани, кој треба да одлучи дали ќе му одреди притвор. Тој беше спроведен од Скопје, со лисици на рацете.
Бектеши е еден од осомничените, како лице кое раководело со институција од која била издадена лиценца за работа на дискотеката во која загинаа 50-лица.
Тој не одговори на прашањето - дали чувствува одговорност, ниту како ќе се брани.