„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид - граѓаните презадоволни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcini-1

Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид во салата „Билјанини извори“. Граѓаните презадоволни, властите организирани.

— реклама —

Граѓаните кои уредно се пријавени на сајтот vakcinacija.mk задоволни како тече имунизацијата. Велат се е организирано, не се чека воопшто. Тие откриваат дека по приемот на вакцината се чувствуваат добро.

— реклама —

Директорот на општата болница д-р Горан Балевски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески секојдневно се во центарот. Тие се категорични дека само со масовна вакцинација може да се избориме со пандемијата. Георгиевски и Балевски ги повикуваат граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk за побрзо да ја надминеме оваа пандемија. Тие воедно апелираат граѓаните кои се вакцинираа да продолжат да ги почитуваат мерките.

Инаку за да салата Билјанини извори стане регионален центар истата беше целосно испразнета од реквизити, просторот ослободен и се откажаа сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи. Во се поставени 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација, 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места, Нов агрегат за фрижидерот за вакцините, оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство.

Во процесот на вакцинација, покрај медицинскиот кадар, во организацискиот дел вклучени се вработените од општината кои се ангажирани за непречено следење на протоколот и административниот дел за граѓаните од пристигнувањето во салата до процесот на вакцинација.

Вакцинацијата е важна алатка за контрола и пораз на епидемиите. За да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот. Според некои проценки во земјава  до сега сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини.

Масовната имунизација во земјава е светлото на крајот од тунелот. Година и два месеци издржавме во карантини, со забрани, полициски часови, задолжително носење маски, држење на дистанца.. и ред дриги мерки. Сега кога вакцината е достапна и кај нас, да бидеме совесни и пријавувајќи се и примајќи ја истата да допринесеме до стопирање на пандемијата, а со тоа и да помогмене во враќањето во нормала на животот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 8 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања