Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Биелса збесна по елиминацијата, па и се развика на новинарката: „Доста веќе!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Спорт
media-library2ob6tjob2ofd8Ov5p3x

Елиминацијата на Уругвај од Светското првенство речиси сигурно значи и крај на мандатот на селекторот Марсело Биелса на клупата на националниот тим.

Аргентинскиот стратег има договор до крајот на турнирот, но по дебаклот и елиминацијата без ниту една победа во групата со Шпанија, Саудиска Арабија и Зеленортските Острови, тешко е да се очекува продолжување на соработката.

— реклама —

По поразот од Шпанија со 1:0 во последното коло, во натпревар во кој на Уругвај му беше потребен позитивен резултат, Биелса направи инцидент пред камерите. Додека чекаше да даде изјава за медиумите, видно изнервиран ѝ се развика на новинарка.

„Доста веќе!“, извика Биелса, очигледно нетрпелив што поскоро да ја напушти медиумската зона.

— реклама —

Познато е дека 70-годишниот тренер нема најдобар однос со медиумите, но ваквиот испад предизвика изненадување, бидејќи изјавите по натпреварите се задолжителен дел од протоколот.

Една од темите на прес-конференцијата беше и неочекуваното повлекување на голманот и капитен Фернандо Муслера на полувремето, откако искусниот 40-годишен чувар на мрежата направи грешка при водечкиот гол на Алехо Баена во 42. минута.

— реклама —

„Тој одлучи да излезе“, кусо одговори Биелса, а на дополнително прашање за истата тема само повтори:

„Веќе одговорив на тоа.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања