Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Битиќи: Додека владата купува мебел и автомобили, илјадници семејства со платите не можат да го поминат месецот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bitiki1

Просечната плата во земјата бележи загрижувачки пад. Во јуни, просечна плата изнесуваше 41.939 денари, веќе досега просечната плата е намалена за цели 1000 денари што е далеку од доволно за да ги покрие основните потреби на граѓаните. СДСМ поднесе амандман со кој бара зголемување на платите. Односно, 3,5 милијарди денари или 57 милиони евра за зголемување на платите на граѓаните, што не е само барање на финансии, туку барање на одговорност и социјална правда, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисијата за финансирање на буџет.

— реклама —

- Најпрвин, без розовите очила на власта да погледнеме реално во економските бројки кои ја нагласуваат потреба од зголемување на платите на граѓаните. Просечната плата бележи загрижувачки пад, а во меѓувреме, потрошувачката кошничка достигна 61.306 денари во септември. Ова е јасен показател дека платите се далеку од доволни за да обезбедат достоинствен живот“, рече Битиќи.

— реклама —

Тој потенцираше дека со растечкиот јаз меѓу платите и трошоците, не може да се очекува да издржат наставници, здравствени работници, администрација и сите други кои вршат дејност од јавен интерес и кои треба да го движат општеството напред.

- Зад овие бројки стојат вистински луѓе, семејства, деца. Погледнете ги своите домови. Замислете го вашето дете како ви бара нешто основно – книга, облека, можност за екскурзија, а не можете да му го обезбедите тоа. Токму тоа е реалноста со која се соочуваат илјадници семејства на вработените во јавниот сектор.“, рече Битиќи.

— реклама —

Само минатиот месец трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари и тоа е економска и социјална неправда.

— реклама —

- Да се осврнеме на изборот на Владата, каде и се приоритетите за трошење. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра. За мебел – 1,5 милиони евра, за договорни услуги зголемени за 80 милиони евра. Сумите се апсурдни. Како можете да оправдате купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот? Овие непродуктивни трошења се срамни и покажуваат дека приоритетите на Владата не се во интерес на граѓаните. Само ставката стоки и услуги е 1,2 милијарди евра. Проверете кога таа ставка била 20% од буџетот“, рече Битиќи.

„Неприфаќањето амандманот за зголемување на платите ќе значи прекршување на Општиот колективен договор и продолжување на праксата на системско непочитување на законите. Оваа Влада, со својот Предлог-буџет за 2025 година, веќе го прекрши Законот за буџети со проектираниот дефицит над 3%. Сега сакаат да ги прекршат и колективните договори, на штета на граѓаните. Отфрлањето на овој амандман ќе значи порака дека оваа Влада не ги почитува ниту трудот, ниту правата на работниците“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Филипче за прифаќањето на Францускиот предлог од власта: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Македонија | пред 6 минути

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Бараме итна истрага за нападот на децата во Ново Село од страна на ВМРО

Македонија | пред 6 минути

media-libraryg7ablpl0cusj5NyroU7

Филипче: Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината

Македонија | пред 7 минути

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања