Колеги, пријатели, фанови, блиски... знајни и незнајни преку социјалните мрежи се простуваат од Драган Вучиќ, кој почина поради вложување на состојбата од корона вирусот. Емотивен статус на својот Фб профил напиша и легенда во македонскиот радио етер Драган Б. Костиќ. Тој напиша:
- Не паметам кога прв пат сум се сретнал со него.Но, многу одамна.
Паметам кога последен пат сум се слушнал со него.
Неодамна, телефонски, ме побара да провери да ли е вистина една вест која допрела до него. Ме посоветува бидејки во тој естраден одел беше далеку поискусен од мене.
Ми рече: "Не верувај никому.Работи сам,Или по твое".
А тој работеше.И тоа многу.Постојано измислувајки нови содржини на истата форма: ВОДИТЕЛ НА ЕМИСИИ ЗА НАРОД.
Иако раскрупнет, ми делуваше многу здраво.
Мажевно. Сигурно.Достоинствен во вербата во она што го прави.
А тоа што го создавал, нематеријалното, не го однел со себе.
Го оставил за да сведочи за него.
Ќе го памтам по многу нешта, добри, а особено по неговото учество во емисијата Б со точка.Кое е веојатно една од најдобрите самораскажани биографии. Пред рамно две години.
Име, патувај таму каде што и многумина пред тебе но и по тебе. Со верба дека е тоа подобро место од ова.
Почивај во мир, напиша Костиќ на ФБ и ја сподели неговата емисија која имал со Вучиќ.
видео: Драган Б. Костиќ