„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Богдановиќ: Не знам што уште треба да направам за да отворат предмет за „Никофон”- Да земам да се самозапалам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-1

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција изнесе детали за нивните сомневања околу постапката на продажбата на спорната парцела кај „Авто Македонија“ и цената по која е продадено земјиштето и тврди дека сите документи и докази за овој случај се предадени на Јавното обвинителство кои ги изнесе и покажа пред новинарите.

— реклама —

Прес конференцијата на Богдановиќ следува откако Јавното обвинителство излезе со соопштение дека од општина Центар не ги доставиле дополнителните материјали по кривичните пријави кои биле побарани од нив и со тоа не приложиле докази.

 - Нека ни каже Обвинителството дале сме во право за да знаеме како понатаму да постапиме. Не знам што уште треба да направам за да отворат предмет. Да земам да се самозапалам за да реагира некој – изјави Богдановиќ.

— реклама —

Богдановиќ вели дека претставници од општината на повик на ОЈО во 2016 доставиле 72 списи, кои и ги надополниле неколку дена подоцна. Списи се доставувале и по преземањето на градежната парцела годинава. Но, како што додава, од надлежните не одговориле до каде е предметот.

Спорна била и постапката за цената на земјиштето, вели градоначалникот. Според правилникот за утврдување на цената, почетната сума на јавното наддавање требало да биде 5.600 денари а не 1.850.

Градоначалникот информираше дека имале најава дека повторно ќе седнат да разговараат со претставници од „Никофон“.

G-aP-Fyxn84

BRnH_1N9vDI

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања