Членот на ВМРО ДПМНЕ кој е дел и од програмата „Македонски Концепт“ тврди дека поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков сеуште раководи со ВМРО ДПМНЕ и со самиот Кристијан Мицкоски.
„Мијалков денес е еден од најмоќните луѓе во ВМРО ДПМНЕ. Кристијан Мицкоски беше кандидат на Мијалков за лидер на партијата и беше избран по предлог и залагање на Мијалков. Сашо го постави за лидер на партијата. “ - изјави Богојески во емисијата на Јанко Илковски.
МЛАДИТЕ ИЗБЕГАА ЗА ДА НЕ СЕ СЛУГИ НА ОЛИГАРХИЈАТА
Богојески рече дека младите избегале од земјава не заради пари, туку за да не слугуваат на олигархијата и мафијата.
„Младите избегаа за да не бидат слуги на пет или шест фамилии во земјата и една бандитска организација која држи се во земјава. Се додека не ја ослободиме републиката нема просперитет. Ние ја немаме републиката и трњеба да се избориме за неа. Оние млади кои се самосвесни и кои не прифаќаа да се слуги на врсниците од тие фамилии и заминаа многу реализирани граѓани. Доктори, бизнисмени. Ги продадоа ординациите и заминаа, за да не се робови на тие фамилии кои управуваат со државата“ - рече Богојески.
ВМРО ДПМНЕ Е СОСТАВЕНО ОД ПОВЕЌЕ БЛОКОВИ - МИЦКОСКИ Е ЛИДЕР НА СОВЕТСКИОТ БЛОК А ИМА И ЧЕТНИЧКИ БЛОК И БАНДИТСКИ БЛОК
Богоески вели дека ВМРО ДПМНЕ е составено од повеќе блокови, а за Мицкоски посочи дека го водел т.н. „Советски блок“.
„Смешно е на руски амбасадор да му објасниш како се водат фер и демократски избори. Што ќе ти каже рускиот амбасадор за фер избори ? Како ги спровеле во Русија ? Дозволено е во ВМРО ДПМНЕ да те трујат дека те плаќале Америка и ЕУ, а не смее да се каже дека те плаќаат во рубљи. Зошто во ВМРО ДПМНЕ е прифатливо да се плука по западот, а не смее да се спомнат рубљи.“ - рече Богојески и посочи дека денес во ВМРО има и четнички блок.
„Член на Извршен комитет, силно поддржан од Мицкоски отворено порача дека МПЦ е комунистички проект, треба да се укине, да се вратиме на единство со Србија и да се вратиме во единство со Србија. Јас кога го читав тоа се чувствував поразен и уништен, мојата ВМРО ДПМНЕ да ми промовира исти ставови со Шешељ“ - вели Богојески и праша зошто Мицкоски не ја осудил истата изјава и не ја разрешил од функцијата.
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ГО СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР СО ПРОМЕНА НА ИМЕТО
Богојески рече дека Никола Груевски стои зад бојкотот, по кој се пазарел со СДСМ да им ги даде неговите најлојални пратеници да гласаат за промена на името во замена за негово бегство од земјата и спас од затвор.
„Кога требаше некој да ја земи вината за осумте пратеници , дека најверните чеда на Никола гласаа за промена на името, требаше да се најде некој друг фактор во партијата. Никола ги мотивираше и се бараше некој да ја земе вината, па се најде Сашо Мијалков. Направивме фингирано бркање од партијата и шефот на сите кампањи Никола Тодоров, за на нивни грб да падни вината за осумте и Никола Груевски да избега од земјата.“ - рече Богојески.
На прашање дали мисли дека ќе го исклучат од ВМРО ДПМНЕ тој одговори:
„Мицкоски е член од 2011, а јас тогаш бев ветеран во ВМРО ДПМНЕ. Како Јанушев ќе ме избрка од ВМРО ДПМНЕ кој се зачлени за да се вработи во Велес.“ рече Богојески.