Австрискиот вицеканцелар и лидер на Слободарската партија Хајнс Штрахе денеска поднесе оставка поради скандалозно видео кое се појави во јавноста , во кое тој нуди државна работа за да добие финансика поддршка.
По објавувањето на видео снимката на која се гледа како австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц одбива секаква понатамошна соработка со неговиот заменик, соопштија денеска владини извори во Виена.
„Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука”, рече Штрахе и додаде дека не ги крши законите и признава дека тоа е исклучително засрамувачка, пијана афера.
Штрахе ќе го замени министерот за транспорт, Норберт Хофер. Скандалот доведе до шпекулации за иднината на владејачката коалиција меѓу партијата на Штрахе и партијата на канцеларот Себастијан Курц.
Инаку германскиот магазин „Шпигел“ синоќа објави снимка, направена на 24 јули 2017 година на шпанскиот остров Ибица, на која се појавуваат Штрахе, кој е лидер на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и неговиот партискиот потпретседател Јохан Гуденус, во разговор со наводната внука на рускиот олигарх, која тврди дека сака да купи удел во виенскиот весник „Кронен Цајтунг“. Видеото насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“, го снимиле новинари на „Шпигел“, кои во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“, му го наместиле целиот случај на Штрахе.