Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Бомбите на СДСМ: Семејна фирма на директорот Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Настани
media-libraryak9kogt3gu5n2t6ybGG

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска излезе со нови обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада, најавувајќи „нова бомба“ и „нов скандал“ поврзан со, како што вели, милионски злоупотреби на јавни средства.

Според Димитријевиќ, Акцискиот тим (АКТ) на СДСМ продолжува да објавува докази за „криминалот на власта“ токму во пресрет на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека државни институции и општини под раководство на ВМРО-ДПМНЕ доделиле вкупно 161 тендер, во вредност од 5 милиони и 360 илјади евра, на фирма поврзана со Ивица Томовски – актуелен функционер во Владата, односно директор на СОЗР.

— реклама —

Димитријевиќ тврди дека фирмата, основана со сопственик Витомир Томовски од Струга – татко на Ивица Томовски – прво била регистрирана под името „Сити логистик“, а подоцна го променила името во „Сити аутсорсинг“, задржувајќи иста адреса и единствен матичен број на субјект. Управител, според Димитријевиќ е нивни близок роднина, Слободан Кутановски.

СДСМ тврди дека само во 2024 година, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, фирмата ја зголемила својата дејност за 306 проценти, а во текот на 2025 година веќе добила десет нови тендери со вредност близу половина милион евра.

— реклама —

„Не чисти СОЗР, туку чисти семејната фирма на Томовски. Чистат пари – и тоа милионски суми,“ порача Димитријевиќ, додавајќи дека „важно е фамилијарните бизниси да течат“, додека јавноста останува без одговори.

— реклама —

Тој најави дека ова е само почеток на новиот циклус објави од АКТ (тело на СДСМ), кои, како што кажа, ќе откријат „каде завршуваат парите и кој стои зад нив“.

„Граѓаните се дел од еден тим, еден фронт. Сите сме против корупцијата,“ порача Димитријевиќ во завршницата.

— реклама —

Власта засега нема официјален одговор на објавите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 11 час

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 13 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања