Граѓаните во секојдневна борба со високите цени. Револтирани и лути, бараат надлежните веднаш да преземат нешто. Доведени се во ситуација да се откажат од многу работи, затоа што не можат да ги купат. Сметаат дека не е во ред, еден производ денеска да има една цена, а следниот ден таа да е повисока, пишува Телма.
Цените рушат рекорди, граѓаните бараат спас. Дел од владините преставници излегоа во јавноста и кажаа дека трговците прават притисок врз производителите, а одредени фирми се однесуваат нефер. Но, останува отворено прашањето кој во државава треба да го докаже тоа и да го контролира, како и да утврди кој е виновен за високите цени.