ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Борислав Крмов: Левица почна анти-попис кампања со мотото „НЕ ОТВОРАМ ВРАТА“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Krmov-2

Денес пратеникот на Левица, Борислав Крмов, одржа прес – конференција од Собраниската прес – сала, по повод почетокот на кампањата на партијата против нелегалниот и наметнат Попис во услови на Пандемија.

— реклама —

Доколку процесот на Попис не се прекине, Левица ги повикува граѓаните масовно да не отвораат врата на попишувачите!

— реклама —

„Ние бараме, Пописот да се одложи на 12 месеци, т.е. да се одложи за во април 2022 година. Понатаму, да се донесе комплетно нов Закон, затоа што овој Закон има премногу недостатоци, а новиот Закон, којшто ќе се донесе да биде со широк консензус од парламентарните партии во Собранието.

Аргументите за тоа зошто Левица ќе ја води оваа кампања се дека овој Закон беше истуркан насила во Собранието, прво беше пуштен во редовна, а потоа тајно беше пуштен во скратена постапка, без знаење на опозицијата. Понатаму, сите амандмани на опозицијата беа одбиени. Овој Закон исто така, крши многу од принципите препорачани од ООН и ЕУРОСТАТ. Покрај тоа што крши голем дел од законите, како најголем аргумент зошто не Попис е ситуацијата со Пандемијата. Во ситуација кога имаме една од најголемите смртности во регионот, имаме огромен број на заболени, по 300-400 дневно заболени, кога се најавени и рестрикции, да се турка ваков процес насила е апсолутно недозволиво, затоа ние ќе направиме се’, да го спречиме овој Попис.“

видео: Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања