Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на конгресот на ЕНП оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на Македонија.
Бугарскиот премиер објави видео од средбата на кое се гледа како најпрво добро ,,прегледа“ дали се избричил Мицкоски и го праша: ,,Дали сте за европската перспектива на Северна Македонија". А потоа запраша:
,, Вие поткрепите ли Договорот со Бугарија, треба јасно и гласно да го кажете тоа…“праша Борисов?
„Се што може да биде позитивно за двете страни и за Македонија и за Бугарија, ние го поткрепуваме“, меѓу другото му одговори Мицкоски.
За време на краткиот разговор Борисов во неколку наврати не наслови Северна Македонија, а Мицкоски пак одговараше само со Македонија.
Инаку Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го ова во предвид тој посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција. Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување.
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2591682201059834/
фото: ВМРО ДПМНЕ
видео: ФБ Бојко Борисов