„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ВИДЕО) "Божиќен бакнеж" или голема конјункција на двата гасовити џинови - Сатурн и Јупитер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
saturn

На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување на Јупитер и Сатурн е доста ретка појава. Астрономите предвидуваат дека следна ваква конјукција нема да се повтори до 15 март 2080 година. Во таа смисла, оваа ретка појава, позната како „Божиќна Ѕвезда“ целиот свет ќе има можност да ја види и секако да фотографира, објави igeografija.mk.

— реклама —

Орбитите на Јупитер и Сатурн се на иста линија на секои 20-тина години и поради тоа многу се доближуваат една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека револуцијата на Сатурн трае 30 години. Поминаа скоро 400 години откако планетите поминаа блиску една до друга на небото и скоро 800 години, откако се случи усогласувањето на Сатурн и Јупитер во текот на ноќта, како што ќе се случи за оваа година, односно утре, дозволувајќи им на сите ширум светот, да бидат сведоци на овој голем и значаен астрономски настан. Од гледна точка на Земјата, огромните гиганти (најголеми планети во Сончевиот Систем) ќе се појават многу близу една до друга, но тие ќе останат стотици милиони километри оддалечени во вселената, објави igeografija.mk.

— реклама —

Како пак оваа ретка појава ја толкуваат астролозите ?

Голема конјункција на Сатурн и Јупитер во водолија како воздушен елемент. Претходно, во последниве 200 година (од 1802 навака) оваа конјунција секогаш се случувала во земјени знакови. Земјените знакови се поврзани со материјализам, поседување, капитал, тешка работа, контрола на ресурсите и сл. Во такви услови се случува индустриската револуција. Во следните 200 години пак, оваа конјункција ќе се случува во воздушни елементи, што е поврзано со филозофија, концепти, апстракција, спиритуалност, едноставно материјалните елементи почнуваат по малку да ја губат важноста.

Јупитер е планета на експанзија, интеграција, соработка, подржувач на градење на нешто ново. Сатурн е нешто сосема спротивно - Сатурн е планета на контракција, сепарација, натпреварување и уништување на старото.

Овде има неколку синхроницитети. Спој, конјункција помеѓу уништување на старото и изградбата на новото. Се тоа се случува на солстициј (најкраткиот ден во годината) и ден кој е симбол на раѓањето на Сонцето, односно светлото. И се тоа во воздушен елемент кој е поврзан со експанзија, со учење, со информации.

Сатурн сака да напредуваме и да бидеме одговорни за своите постапки, па ако сме еволуирале (наместо да стагнираме) во минатото, Јупитер ќе нè благослови.

Сепак, ништо не може да се генерализира во астрологијата, така што може со сигурност само да се каже дека следната година ќе биде во знак на будење. Астролозите претпоставуваат дека ќе има револуција, бидејќи Водолијата ги претставува луѓето, но позитивен крај ќе доживеат само оние кои се одговорни.

Зошто Витлеемската Sвезда е несекојдневен настан?

Бидејќи спојот на Јупитер и Сатурн се случува на 0 степени, а во астрологијата нула го означува почетокот.

Сатурн и Јупитер се двете најголеми и најважни планети кои влијаат на сè.

Инаку овој феномен е токму она што се случило кога се родии Христос и затоа овој феномен е познат како Витлеемска Sвезда или Божиќна sвезда.

Ова преклопување се случува утре, на 21.12.2020.

 

 

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања