Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Брижит Макрон ги изненади сите: Застана зад диџеј-пултот и направи журка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Магазин
media-libraryjsfop62gugjddsJyboc

Француската прва дама Брижит Макрон повторно се вклучи во хуманитарна акција, но овојпат на навистина невообичаен начин.

— реклама —

Во рамки на долгогодишната кампања „Pièces Jaunes“, која собира средства за деца на болничко лекување, на настан одржан во Дизниленд во близина на Париз, Брижит Макрон накратко ја презеде улогата на диџеј.

На дружењето, кое се одржа во опуштена атмосфера, присуствуваа околу 300 деца, а меѓу гостите беше и селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан, кои имаа можност да се запознаат и дружат со познатите личности.

— реклама —

Во еден момент, на изненадување на сите присутни, Брижит Макрон застана зад DJ-пултот и ја крена атмосферата пуштајќи ја песната „Forever Young“ од групата Alphaville. Снимките од нејзиниот танц и добро расположение брзо се проширија на социјалните мрежи и беа пречекани со воодушевување.

Хуманитарната кампања „Pièces Jaunes“ трае до 7 февруари, а собраните средства се наменети за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата и адолесцентите кои се лекуваат во болници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања