Промени тема
Контакт

(Видео) Бркотница на полицијата и дрвокрадци: истурија дрва за да им го попречат движењето, па ги бркаа пешки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryiddqb4i8th916OUjGtF

Акција против дрвокрадството била спроведена вечерва во селото Отља, во Општина Липково, при што била одземена поголема количина нежигосана дрвна маса, за која немало соодветна документација.

— реклама —

Според заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, во текот на акцијата имало и брканица и инцидент, но, за среќа, без сериозни последици и без повредени лица.

— реклама —

Одземената дрвна маса била преземена од Шумската полиција и службите на „Национални шуми“, по што била складирана во складот на ПШС Куманово.

Од „Национални шуми“ најавуваат дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел спречување на бесправната сеча и дрвокрадството.

— реклама —

„Нулта толеранција за криминалот со дрвата. Сите што крадат ќе дојдат на ред. Нема мали и големи“, порача заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања