Ураганот Доријан, кој е ослабнат, но поголем, синоќа стигна во близина на источниот брег на централна Флорида, и доби на брзина откако два дена ги пустошеше Бахамите каде загинаа најмалку седум лица, а предизвикани се и катастрофални штети.
„Тешко е воопшто да се процени што има на фотографиите и снимките од воздух. Станува збор за индустрискиот дел од градот или густо населен дел, толкави се размерите на уништувањето“, пишува Вашингтон пост.
Доријан стана ураган од втора категорија, затоа што неговите најсилни ветрови опаднаа на брзина од 175 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани со седиште во Мајами (НХЦ). Сепак невремето порасна во големина, така што ветровите се проширирени на околу 95 километри од средиштето на ураганот.
На Бахамите досега загинаа најмалку седум лица, а повеќе од 13.000 куќи се сериозно оштетени или уништени од ураганот, соопштија локалните власти.