Промени тема
Контакт

(Видео) Бурата Адам ја поплави Валенсија, две лица загинаа, а градови останаа отсечени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarypgppi2ihjill8E0sLvK

Бурата Адам предизвика сериозни поплави во шпанската област Валенсија, каде што во текот на ноќта наврнаа и до 700 литри дожд на квадратен метар. Поради надојдената вода, неколку крајбрежни градови, од југот на Гандија до Олива, останаа отсечени.

Во невремето досега загинаа две лица – едно во Кабрера де Мар, во близина на Барселона, и друго во Сагунто, во Валенсиската област.

— реклама —

Екипите за итни случаи спроведуваат спасувачки операции. Во Олива се користат чамци, додека во други делови од северниот дел на Аликанте во акциите се вклучени хеликоптери.

— реклама —

Поради обилните врнежи, наставата е прекината за околу 81.000 ученици во покраината Валенсија и уште 22.000 во Аликанте. Меѓу најпогодените градови се Денија, Пего, Хабија и Калп.

— реклама —

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика жителите на погодените подрачја да избегнуваат патувања и да останат на горните катови од зградите.

Портокалови предупредувања за опасни временски услови се во сила и за Барселона, Џирона, Тарагона, Ибица, Форментера, Мајорка и Менорка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања